Утрински Весник
Македонија

Салиу: Солидарност на дело во Шуто Оризари – поддршка за најмладите

0 1.jpg

Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, д-р Шабан Салиу, заедно со аташето од Амбасадата на Сојузна Република Австрија во Македонија, Харалд Фугер, и со здружението на граѓани „Љубезност”, денеска доделија донација во Дневниот центар „Патека на надежта” во општина Шуто Оризари. Поддршката е наменета за најмладите и најранливите корисници и опфаќа пакети со училишни ранци и храна.

„Благодарен сум за партнерството со Амбасадата на Австрија и со ‘Љубезност’, затоа што ваквите сојузништва ја претвораат солидарноста во конкретна помош за оние на кои им е најпотребна”, изјави министерот д-р Шабан Салиу.


Од здружението „Љубезност” порачаа дека продолжуваат со хуманитарни акции во партнерство со различниинституции и донатор.

Дневниот центар „Патека на надежта” останува точка на поддршка за деца и семејства во социјален ризик во Шуто Оризари, а денешната активност е дел од пошироките напори на министерот д-р Шабан Салиу за зајакнување на инклузијата, охрабрување на редовното школување и намалување на социјалните нееднаквости кај најмладите.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова на самитот „Конкордија”: Крајно време е да се направат промени во ЕУ за начинот на одлучување

ВМРО-ДПНЕ: Срамота е СДСМ да прави прес-конференции со измислени материјали

Левица: Нема вода за Стружани – има вода за хидроцентралите на Анѓушев