Утрински Весник
Македонија

Сали: Чекање и по три месеци за мамографија ќе има само до крајот на годинава

Сали: Чекање и по три месеци за мамографија ќе има само до крајот на годинава

Чекање и по три месеци за мамографија ќе има само до крајот на годинава, најави министерот за здравство Беким Сали. Тој тврди дека од Нова година никој нема да чека за снимање и пациентите од другите градови нема да мораат да доаѓаат за снимања во Скопје оти во тек е набавка и инсталирање опрема во најмалку 12 здравствени установи.

dobivaj vesti na viber

„Тоа е последица на една деценија можеби и деценија и пол во која нерационално се инвестираше и во опрема и во распределба на здравствените услуги. Затоа денес пациенти од внатрешноста од сите градови патуваат до Скопје за да добијат една здравствена услуга. Но таа приказна ќе ја имаме до крај на годината. Од јануари веќе нема да разговараме дали мамограф има во Неготино, дали ќе се снима во Струга, дали ќе може да добијат услуга во Штип и така натаму. Во очекување сме на реализација, потпишан е договор со изведувач на инсталации на најсовремена опрема во најмалку 12 јавни здравствени установи почнувајќи од мамографи, дигитални рендген-апарати, до ангиографи и компјутерски томографи“, рече министерот Сали на денешното промовирање на два нови апарати за магнетна резонанца во ГОБ „8 Септември“.

Сегашните три месеци чекање за мамограф министерот Сали вели дека се поради застоите во снимањата кои се прават додека се сервисира опремата која , пак, е амортизирана, дотраена и неопходни се чести сервиси.

Таквите проблеми министерот Сали уверува дека ќе бидат надминати по Нова година, кога ќе почне да се употребува новата опрема за која е веќе обезбеден и кадар оти распределбата на опремата се вршела според расположливиот кадар. Министерот Сали уверува и дека нема да се повтори практиката на купување опрема и нејзино оставање по магацини со години, опремата веднаш ќе ја пуштаат во употреба.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа