Утрински Весник
Спорт

„Сакам да го видам Меси како плаче по полуфиналето Бразил-Аргентина “

„Сакам да го видам Меси како плаче по полуфиналето Бразил-Аргентина “

По дводневна пауза продолжува Светското првенство во Катар. Победниците во четвртфиналните натпревари. помеѓу Бразил-Хрватска и Аргентина-Холандија ќе се сретнат во полуфиналето.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот бразилски напаѓач Фред има желба Бразил во полуфиналето да игра против „вечниот ривал“, Аргентина. Тој смета дека „Селесао“ може да ја елиминира Аргентина.

„Сакам да биде хаос, да има остри дуели, Нејмар да им ја турка топката низ нозете на играчите на Аргентина и да го видам Меси како плаче“, изјави неодамна пензионираниот Бразилец.

Фред за Бразил постигна 18 гола на 39 натпревари. Тој играше на СП во 2014 година, беше актер на најголемиот пораз во историјата на репрезентацијата, кога Германија во полуфиналето го прегази „Селесао“ со 7:1.

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026