Утрински Весник
Магазин

Сакале јавно да ја посрамотат љубовницата на нивниот татко, а животот си го направиле пекол

Sestri.jpg

Сестрите Елеонор и Софи Браун откриваат како јавно сакале да ја посрамотат жената со која татко им Џеф ја изневерил нивната мајка, но наместо тоа, едната добива отказ од полицијата, а другата се соочува со затвор.

Убедени дека смислиле совршен начин јавно да ѝсе одмаздат на жената со која татко им ја изневерувал нивната мајка, двете сестри, од кои едната била полицајка, објавиле приватни и интимни фотографии на социјалната мрежа. Ни тоа не им било доволно, го објавиле и телефонскиот број на нејзиниот сопруг, по што почнале да му се јавуваат.

Пријавил во полиција, па на Елеонор (24) која признала дека објавувала интимни фотографии сега и се заканува затворска казна, додека Софи била избркана од полиција.

На сослушувањето во судот во Лидс, Велика Британија одржано минатата недела, беше откриено дека Елеонор на страницата „2022“ објавила фотографии и телефонски број на сопругот на нејзиниот љубовник. Се слушна дека објавувањето на телефонскиот број влијаело на неговата работа и кај жената предизвикало „страшно и болно чувство на паника“. Во исто време, како што изјавија во судницата, нивниот татко Џеф имал афера со таа жена пред повеќе од 10 години, кога и двајцата биле во брак.

Аферата беше откриена во 2015 година кога Сара Браун откри интимни фотографии и видеа од жената во телефонот на нејзиниот татко. Дури седум години подоцна, помеѓу август и септември, Елеонор објавила погрдни коментари за љубовницата на нејзиниот татко на деловната веб-страница на нејзиниот сопруг.

Таа потоа му испратила интимни фотографии од неговата сопруга на WhatsApp, а истите ги објавила на страница за ескорт. Обвинителот посочи дека се работи за „гнасен и пресметан“ обид за одмазда. Сестрите Браун, како што беше кажано и во судницата, ја нападнале и ќерката на љубовницата, која не знаела за аферата.

Елинор и рече: „Ќе се погрижам мајка ти никогаш да не заборави што и направи на мајка ми“.

Софи поднесе оставка од полицијата откако таа и нејзината сестра беа пријавени, а на рочиштето беше истакнато дека дефинитивно ќе добиеше отказ доколку не се откажеше самата, бидејќи таа беше иницијатор на целата приказна. На рочиштето се откриени и пораките кои сестрите ги разменувале, се покажало дека тие прво планирале да направат лажен профил на љубовницата на една страница за рекламирање.

Тие сакаа да напишат, заедно со нејзината фотографија, во огласот: „Подарувам сексуални услуги за пет фунти“. Потоа го промениле планот и решиле фотографиите да ги објават на страница за ескорт дами.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста