Утрински Весник
Македонија

Сакала да изнајми стан, ја измамиле за 300 евра

Pari.webp.webp

На 28.09.2025 во 17:00 часот во СВР Скопје, 56-годишна жена од Скопје пријави дека била измамена за сума од 18.000 денари.

Според пријавеното, таа претходно на социјална мрежа стапила во контакт со едно женско лице, која изнајмувала стан. Како што е пријавено, на 28.09.2025 парите за депозит ги оставила во сандаче од станбена зграда на подрачјето на Чаир, каде што претходно лицето ѝ посочило. Според пријавеното, исто така, подоцна кога се обидела да стапи во контакт со лицето, но не успеала, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Можете да прочитате

Претреси на пет локации во Скопје: Нови осомничени во случајот со нелегалните ботокси

Користел викенд од Идризово, па завршил со ново апсење

Чувар унапреден, платата му скокнала од 50.000 на 100.000 денари – Кривична за Управниот одбор на М-НАВ