Утрински Весник
Македонија

Сакал да шверцува 15 илјади австралиски долари и 10 илјади евра, го фатиле граничарите на Ќафасан

Сакал да шверцува 15 илјади австралиски долари и 10 илјади евра, го фатиле граничарите на Ќафасан

Запленети се 15.050 австралиски долари, откако македонски државјанин на влез во државава на граничниот премин Ќафасан кај царинските службеници пријавил само две илјади долари, иако со себе носел поголема сума девизи, известува Царинската управа.

dobivaj vesti na viber

– Поради сомневање, царинските службеници пристапија кон личен претрес при што во рачната ташна му пронајдоа 10 илјади евра и 15.050 австралиски долари, се додава во соопштението на Царинската управа.

Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 10 илјади евра, додека останатите се задржани и согласно регулативата ќе бидат предадени во Народна банка. Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок до надлежниот суд.

Можете да прочитате

Родителите на загинатите во „Пулс“ на 45. Марш на ангелите: Не бараме пресуда однапред, бараме вистина и правда

Нон-пејперот на Мерц и Макрон: Нова шанса или уште едно европско ветување за Македонија? 

Попладнево пукање во Скопје: Маж ранет, напаѓачот уапсен