Утрински Весник
Македонија

Саем за вработување во организација на Стопанската комора

Job.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Стопанската комора на Северна Македонија организира саем за вработување, каде компаниите директно ќе разговараат и ќе ги интервјуираат невработените лица и доколку ги исполнуваат нивните услови, можат да ги вработат или да ги стават во нивните планови за вработување.

– Активноста се реализира во насока на амортизирање на еден од најголемите проблеми со што се соочуваат компаниите, обезбедување работна сила преку ангажирање работници од домашниот пазар на труд – со фокус на ранливите категории граѓани и од малцинските заедници, посочуваат од Стопанската комора.

Најавено е саемот да го отворат Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора и Џери Дајбл, претставник на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија.

– Недостигот на работна сила е сериозен проблем со што се соочува економијата во нашата земја, а проблемот е уште поголем, бидејќи и увозот на работната сила на работници од трети земји, не ги дава очекуваните резултати, велат од Стопанската комора. 

Можете да прочитате

Цистерна се преврте на патот Струга – ГП Ќафасан, сообраќајот во прекин

Во Берово утрово -9, во скопски Петровец -8 степени

ВМРО-ДПМНЕ: Дали на Бихаќка ќе слават Нова година по дубајско време и дали го резервираа навреме Харис да им пее?