Саемот за козметика,нега на коса и естетика “Beauty Expo 24”ќе се одржи по вторпат во Скопје, во хотелот Александар Палас од 15ти до 17ти март. Самиот саем нуди одлична можност да се истакнат силните страни на секој професионален бренд и компанија која будно ги прати трендовите и новитетите во beauty индустријата.
Посетителите на саемот имаат можност да се запознаат со сите новитети на пазарот и beauty индустријата согласно 2023/24 година. Богатата програма која ќе биде дел од саемот во сите три дена ќе биде одлична можност за следење на Public spot едукативни презентации, набавување на производи по промотивни саемски цени и Ова е одлична можност за стекнување на знаење за производи и третмани преку бесплатни презентации и обуки.
Овој одлично организиран настан е наменет за секој посетител како краен потрошувач но и за козметичари и оние кои работат во оваа област. Секоја девојка или жена која сака да набави професионални производи за домашна нега по големи саемски попусти ќе има исклучителна можност да го дополни својот арсенал со се она што и е потребно.