Утрински Весник
Македонија

Саем на македонска традиционална кујна во Пустец

20260103183315 big 730x400 24.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Со присуство на Македонци од сите делови на Мала Преспа и пошироко и претставници на македонската Амбасада, денеска во Пустец, седиште на истоимената општина, беше одржан Саем на македонска традиционална кујна.

– Настанот беше организиран од страна на македонскиот активист Панде Симонофски, со поддршка преку Јавниот повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од дијаспората на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и истиот претставуваше вистинска прослава на македонската традиција, култура и заедништво, информираа од македонската Амбасада во Албанија.

Додадоа дека Амбасадата била претставена од првиот секретар и конзул, Радмила Стојмировска, која со своето присуство ја истакнала постојаната поддршка на Амбасадата за активностите на македонската заедница во Република Албанија и за зачувување на националниот идентитет, јазик и културно наследство.

– Амбасадата упатува искрени честитки до организаторите и учесниците и останува посветена на поддршката на вакви иницијативи што ја негуваат и пренесуваат македонската традиција на идните генерации, нагласија од Амбасадата.

Покрај претставници на здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ на настанот присуствувал и Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа“ и поранешен градоначалник на општина Пустец.

– Тоа беше прекрасен настан исполнет со вкус, мирис, традиција и емоции. Со срце и љубов, вредните преспански домаќинки ни подарија вистинско гастрономско доживување, јадења што не само што се јадат, туку се чувствуваат, истакнал тој.

Посочил дека „во духот на македонската песна и традиција, со заедништво и гордост, уште еднаш ја потврдивме нашата љубов кон корените“.

– Ова не беше само саем, ова беше празник на идентитетот, културата и традицијата.  
Голема благодарност до сите кои придонесоа, и до сите кои беа дел од оваа магија. Да ја чуваме и пренесуваме македонската традиција – затоа што таа нè прави тоа што сме, нагласил Темелко. 

Можете да прочитате

УХМР: До крајот на неделата променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

СДСМ: Има некоја Алта врска, доцна е за оградување од СНС

40годишна жена обвинета за прегазувањето пешак во Волково