Утрински Весник
Економија

САД воведоа санкции за уште четворица Руси: Поврзани се со Групацијата Алфа

САД воведоа санкции за уште четворица Руси: Поврзани се со Групацијата Алфа

Вчера САД, како дел од најновите мерки насочени кон финансиската елита на Москва поради војната во Украина, воведоа санкции за четворица Руси поврзани со финансискиот и инвестициски конгломерат Алфа Груп и руските деловни асоцијации.

dobivaj vesti na viber

Американското Министерство за финансии објави дека санкциите се насочени кон четири лица кои биле во надзорниот одбор на Алфа – Петр Олегичич Авен, Михаил Маратович Фридман, Герман Борисовиќ Кан и Алексеј Викторович Кузмичев. Санкции беа воведени и против Руската асоцијација на работодавачи и Рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи, се вели во соопштението.

„Руските богати елити треба да се откажат од идејата дека можат да работат како и досега додека Кремљ води војна против украинскиот народ“, рече заменик-министерот за финансии Воли Адејем во изјавата. Коментирајќи ги новите санкции, рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов рече дека тие се дел од „неуспешната рестриктивна политика“ и дека Белата куќа „не може да ја уништи нашата економија и да го поткопа технолошкиот суверенитет“.

Можете да прочитате

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 20 милиони евра кон 119 компании

СДСМ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

ММФ предупредува: Растот на цените на енергенсите може да доведе до нов бран инфлација и да го забави економскиот раст во земјава