Утрински Весник
Свет

САД воведоа санкции кон Молдавија поради ширењето на руското влијание

САД воведоа санкции кон Молдавија поради ширењето на руското влијание

Соединетите Американски Држави денеска воведоа санкции за поединци и субјекти поврзани со руското влијание во Молдавија, како и со системската корупција во таа земја.

dobivaj vesti na viber

Санкционираните лица вклучуваат руски олигарси, кои се „широко признати како поединци што ги заробиле и корумпирале молдавските политички и економски институции и дејствуваат како инструменти на кампањата за глобално влијание на Русија“, се вели во соопштението на американското Министерство за финансии, пренесува „Ројтерс“.

Меѓу санкционираните лица е и поранешниот молдавски пратеник Владимир Плахотниук, кој, според Министерството, манипулирал со „клучните сектори на молдавската влада, вклучително и полицијата, изборниот и судскиот сектор“, пренесе „Танјуг“.

Можете да прочитате

Русија: Германските ракетни системи се легитимни воени цели

Мелони руши рекорд: Нејзината влада е најдолготрајна од Втората светска војна

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна