Утрински Весник
Свет

САД воведоа санкции и распишаа потерници против кинески кибер криминалци и компании

Vrhoven Sad.webp.webp

Министерството за правда на САД санкционира повеќе хакери од Кина, и распиша потерница вредна десет милиони долари за информации за вработените на „i-Soon“ полутајна кинеска компанија која се занимава во криминални дејности во кибер пространството.

Обвинети се кинеските државјани Џоу Шуaј и Јин Кеченг, осум вработени во „i-Soon“,  и двајца офицери на кинеското Министерство за јавна безбедност.


Дополнително, САД воведоа санкции против Џоу Шуaј, кибер-актер и трговец со податоци од Шангај, и неговата компанија, „Shanghai Heiying Information Technology“. Шуaј нелегално прибавувал, посредувал и продавал податоци од високо чувствителни критични инфраструктурни мрежи во САД, вклучувајќи ги одбранбениот индустриски сектор, комуникациите, здравството и владините институции. Против него е објавена и потерница вредна два милиони долари.

– Кина обезбедува засолниште за приватни компании кои спроведуваат злонамерни кибер-активности против САД и партнерите. Тие исто така се ангажирани од кинеската комунистичка партија во разни нивоа на контрола и ефикасност. Кибер-актерите поддржани од Кина остануваат една од најголемите и најупорните закани за националната безбедност на САД, се вели во денешното соопштение од Стејт департментот

Можете да прочитате

Иранскиот претседател вети одговор на нападот на САД

Украина најавува засилени напади врз воени цели длабоко во Русија

МААЕ: Сè уште не може да се процени штетата под земја во Фордо