Утрински Весник
Свет

САД се против тоа Украина да користи американско оружје за напади врз руска територија

Picture 887 660x487 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

САД кои се главниот сојузник на Киев во војната против Русија, не сакаат Украина да користи американско оружје за да напаѓа „на руска територија“, изјави синоќа портпаролот на Белата куќа.

„Нашиот став не е променет во оваа фаза.

Ние ниту ја охрабруваме, ниту овластуваме употребата на оружје испорачано од САД за удари врз руска територија“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.

Коментарот следуваше откако францускиот претсеател Емануел Макрон изјави дека на Киев треба да му се дозволи да ги „неутрализира“ воените бази од кои Русија ги лансира нејзините ракети против украинска територија.

Можете да прочитате

Трамп: Хамас го чека пекол ако не се разоружа

Украина ја нападнала резиденцијата на Путин, Кремљ најави одговор

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо