Утрински Весник
Свет

САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина

20260314151407 big 730x400 72.webp.webp

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ја разгледува можноста за заземање или поморска блокада на иранскиот остров Харг со цел да го принуди Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина, дознава денеска Аксиос од извори запознаени со плановите.

Како што наведуваат изворите, Трамп не може да го заврши конфликтот под свои услови додека Иран ја контролира пловидбата низ теснината, што во меѓувреме го поттикнува порастот на глобалните цени на енергенсите.


Островот Харг, кој се наоѓа на околу 24 километри од брегот на Иран, е клучен за нафтениот сектор на Иран бидејќи околу 90 проценти од извозот на сурова нафта се реализира преку него, но евентуалната операција за негово заземање би можела директно да ги изложи американските сили на напади. 

Можете да прочитате

Полицијата во Абу Даби соопшти дека уапсила 109 лица за ширење лажни информации за војната на Блискиот Исток

Патријархот на Украинската православна црква, Филарет почина на 97 години

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија