Утрински Весник
Свет

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Dzulijan Asanz.jpg
Ss2

Соединетите Држави му гарантираа на Високиот суд во Лондон дека основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, ќе може да се повика на Првиот амандман доколку биде екстрадиран во САД.

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж ќе може да се повика на Првиот амандман и нема да се соочи со смртна казна по неговата екстрадиција во САД, го уверија САД Високиот суд во Лондон.

Ss1

„Оваа дипломатска нота не прави ништо за да го намали огромниот стрес на нашето семејство за неговата иднина, бидејќи само значи дека ќе го помине остатокот од својот живот во самица во американски затвор поради неговата наградувана работа како новинар“, рече неговата Стела.

Американскиот претседател Џо Бајден на 10 април изјави дека неговата администрација го „разгледува“ барањето на Австралија да се откаже од деценискиот притисок за кривично гонење на Асанж поради објавувањето на доверливи американски документи.

Во врска со изјавата на Бајден, Стела Асанж рече дека се чини дека „работите би можеле да одат во добра насока“.

Асанж (52) се соочува со кривично гонење во САД по 17 обвиненија за шпионажа откако објави стотици илјади доверливи американски документи на неговиот портал Викиликс кои опфаќаат речиси 15 години.

Поддржувачите на Асанж инсистираат дека тој е новинар кој ги разоткри воените злосторства на САД во Ирак и Авганистан, што беше во јавен интерес и е заштитено со Првиот амандман на американскиот Устав, кој ја гарантира слободата на говорот.

Ss1

Можете да прочитате

Американскиот Сенат едногласно усвои закон со кој се забранува увоз на руски ураниум

Блинкен со Херцог: Време е да се прекине огнот и да се ослободат заложниците

Земјите од Африка и Блискиот Исток ги повлекуваат златните резерви од САД