Утрински Весник
Свет

САД и Украина го потпишаа договорот за пристап до ретките минерали

20250501090456 big 730x400 37.webp.webp

САД објавија дека е потпишан договор со Украина за инвестициски фонд за реконструкција.

MK Summit

Американското Министерство за финансии синоќа објави дека САД и Украина потпишаа договор за формирање „инвестициски фонд за реконструкција“ по неколку недели тешки преговори за пристапот на САД до природните ресурси на Украина.


„Како признание за значајната финансиска и материјална поддршка што народот на САД ѝ ја даде на Украина за време на инвазијата на Русија, ова економско партнерство ги доведува нашите две земји да соработуваат и да инвестираат заедно за да се осигура дека нашите ресурси, таленти и способности можат да ја забрзаат економската реконструкција на Украина“, се навдува во соопштението, без да се наведува содржината на договорот.

Во Киев вчера беше објавено дека Украина е подготвена да го потпише овој важен договор за минералните ресурси со САД.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп вршеше притисок за склучување на договорот. Трамп долго време изјавува дека ги сака украинските ретки минерали за САД како услов за натамошна помош за оваа земја во војната со Русија, што трае повеќе од три години.

Можете да прочитате

Камала Харис ги повикува Американците да му се спротивстават на Трамп 

Американскиот Сенат одби да ги поништи царините на Трамп

Личниот лекар на папата откри за што во последните моменти Франциск најмногу жалел