Утрински Весник
Свет

САД ќе и обезбедат на Украина уште еден систем „Патриот“

20240612090712 Big 730x400 49.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот претседател Џо Бајден планира да и обезбеди на Украина уште еден систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ за одбрана од руски воздушни напади, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори во американската влада.

Бајден ја донел одлуката по серијата состаноци на високо ниво минатата недела, објави весникот.

Според „Њујорк Тајмс“, системот за кој станува збор се наоѓа во Полска и би можел да биде распореден на линијата на фронтот во Украина за неколку дена. Доколку биде потврдено, тоа ќе биде вториот систем „Патриот“ од американско производство што Вашингтон ќе му го достави на Киев.

Бајден даде зелено светло за првиот систем пред 18 месеци кога украинскиот претседател Володимир Зеленски отпатува во САД првпат по руската инвазија на Украина за да се обрати пред американскиот Конгрес. 

Можете да прочитате

Банката на Русија поднесе тужба против Euroclear за замрзнати средства и изгубен приход

Протести во Литванија против планирани реформи во јавниот радиодифузен сервис

Ескалираше протестот на земјоделци од неколку европски земји во Брисел