Утрински Весник
Свет

САД денеска воведоа нови царини од 10 проценти наместо најавените 15 проценти

Tramp 1.webp.webp

САД воведоа нови тарифи од 10 проценти за сите стоки кои не се ослободени од данок, објави денеска Царинската и гранична заштита на САД (CBP). Тие се идентични со почетната стапка објавена од Доналд Трамп, и покрај последователните закани дека ќе изнесуваат 15 проценти.

Како одговор на одлуката на Врховниот суд со која се поништуваат неговите „итни“ тарифи, Трамп во петокот објави нови привремени глобални тарифи од 10 отсто, за во саботата тој да рече дека ќе ги зголеми на 15 отсто.


Царинската служба соопшти дека, освен за производите наведени како предмет на ослободување, увозот „ќе биде предмет на дополнителна ad valorem стапка од 10 отсто“.

Овој потег внесе дополнителна конфузија околу трговската политика на САД, особено затоа што не беше објаснето зошто е користена пониската стапка.

Според одлуката на Врховниот суд САД од денеска не собираат нелегални царини.

Можете да прочитате

Трамп постави нов рок за прекин на војната во Украина

Трамп според повеќето американци станува понепредвидлив како што старее

УНИЦЕФ: Речиси осум милиони деца во светот се неисхранети, секое петто дете умира од глад