Утрински Весник
Свет

САД бара од Украина да ја заврши војната

White House.webp.webp

Белата куќа продолжи денеска да врши притисок врз Киев со цел завршување на војната со Украина, повикувајќи го да ги ублажи критиките и брзо да потпише договорот за ретки минерали.

„Мора да ги стишат критиките и добро да го проучат и потпишат тој договор. Отпорот на Украина кон договорот за минерали е едноставно неприфатлив со оглед на сè што направија САД за Украина, рече советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц во интервју за „Фокс њуз“.


Валц ги даде забелешките еден ден откако Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски разменија навреди.

Трамп го нарече Зеленски неизбран диктатор, а Зеленски одговори дека живее во балон од дезинформации и ги повторува аргументите на Москва.

Трамп побара од Украина да им врати на САД помош во облик на ретки минерали во вредност од 500 милијарди долари.

Зеленски одговори дека САД и дале на Украина 67 милијарди долари оружје и 31,5 милијарди долари буџетска поддршка, а не 500 милијарди долари и рече дека не може да ја продаде својата земја.

Сепак, Валц рече дека разликите меѓу САД и Украина не се непомирливи. „Претседателот исто така кажа колку го сака украинскиот народ“, рече Валц.

Украина и европските лидери се лути што не без вклучени во мировните преговори што почнаа во вторникот во Ријад, откако Трамп и Путин телефонски разговараа минатата недела.

Валц негираше дека не биле консултирани сојузниците на САД и Украина.

Можете да прочитате

Деновиве ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија

Неколку дена пред изборите во Германија, ЦДУ е под прагот на поддршка од 30 отсто, покажува анкета

Трамп нареди затворање на базата на податоци за полициска злоупотреба во САД