Утрински Весник
Магазин

Сајмон Кауел сака спонтана венчавка

Сајмон Кауел сака спонтана венчавка

Сајмон Кауел откри дека сака спонтана венчавка, односно прослава без многу помпа.

dobivaj vesti na viber

63-годишниот музички магнат ја запроси Лорен Силверман (45), мајка на неговиот осумгодишен син Ерик, во Барбадос минатиот Божиќ, а инсистираше денот на нивната венчавка да биде спонтан настан, односно спонтан момент.

Во интервју за весникот „Сан“, Сајмон рече: „Сакам сè да правам спонтано, и така е многу позабавно.“
„Мислам дека нема да се венчаме во Лас Вегас, но што и да правиме дефинитивно ќе биде забавно“.

Некои таблоиди објавија дека Сајмон и Лорен најверојатно ќе го врзат јазолот во нивната нова куќа во Котсволдс следниот септември.

Можете да прочитате

Луксузни свадбени патувања и романтични бегства во Туркије

Полиграфот, верата и таткото: Слаткар за искреноста и стравовите

Македонија има нов победник на „Ѕвездите на Гранд“ – Бојан Илиевски го освои Балканот