Утрински Весник
Македонија

Сѐ е чисто, ДКСК го провери имотот и ја затвори постапката за Филипче

Venko Filipce Sdsm.jpeg

Државната комисија за спречување корупција, ја проверила фактичката состојба и потврдла дека сѐ е чисто со пријавениот имотот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

По преземените провери, ДКСК го затвори предметот.


Со ова паднаа во вода обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за имотот на Филпче дека наводно имал непријавени станови и непријавен имот.

Во септември портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на прес-конференција обвини дека наводно податоците од двата анкетни листа на Филипче не соодветствуваат еден со друг и најави претставка до ДКСК.

Денес сите овие наводи се демантирани. Претседателот на СДСМ Филипче има ист имот и во двата имотни листа, иста квадратура и вредност на имотот.

Можете да прочитате

Метеж на Табановце, се чека по 40 минути

(Фото) Свечено отворено 65. издание на Охридско лето

Убиецот оставил порака на фејсбук меѓу убиените 11 годишно дете