Утрински Весник
Свет

Руските власти известуваат за напад со дронови во сибирскиот град Тјумен

20251007172251 big 730x400 59.webp.webp

Дронови нападнаа индустриска локација во сибирскиот град Тјумен, соопштија локалните власти. Ова е прв ваков инцидент во градот, кој е оддалечен повеќе од 1.800 километри од Украина.

Руските регионални власти објавија на Телеграм дека откриле и неутрализирале три дронови насочени кон фабрика во источниот дел на Тјумен. Властите не го прецизираа потеклото на бдроновите, а Украина сè уште не ја презеде одговорноста за нападот, кој беше насочен кон голема рафинерија за нафта.


Властите известуваат дека спасувачките екипи испратени на местото спречиле експлозија. Според локалните медиуми, повикувајќи се на очевидци, дроновите го оштетиле системот за ладење на рафинеријата.

Како одговор на масовното руско бомбардирање во последните месеци, Украина изврши бројни напади врз рафинерии за нафта во Русија, што доведе до зголемување на цените на горивата. Украинската армија, исто така, изврши напади врз руските воздухопловни бази во Сибир и Арктикот во јуни.

Можете да прочитате

Демонстранти поставија Дедо Мраз во знак на протест против економската политика во Берлин

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Повредени во пожар во Санкт Петербург