Утрински Весник
Свет

Руските сили повторно го зазеле Суџа во пограничниот регион Курск, соопшти руското МО

20250313114231 Big 730x400 55.webp.webp

Руските сили го вратија малиот град Суџа во руската погранична област Курск од украинските војници, соопшти денеска Министерството за одбрана во Москва.

Министерството наведе дека се ослободени и населбите Меловои и Подол. Од украинска страна се уште нема потврда, забележува ДПА.


И украинскиот врховен командант Олександар Сирскиј и претседателот Володимир Зеленски рекоа дека војниците ќе се повлечат во случај Русите да станат многу побројни.

Суџа беше најзначајниот центар за население во регионот Курск кој беше под контрола на украинските сили за време на нивното ненадејно напредување на руска територија минатиот август.

Руските државни медиуми и воени блогери вчера соопштија дека руското знаме било развеано над градското собрание на Суџа.

Рускиот претседател Владимир Путин, облечен во воена униформа, го посети Курск вчеравечер и повика на брзо ослободување на регионот од украинските сили.

Раководителот на Центарот за борба против дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андриј Коваленко вчера изјави дека не се точни вестите за заземањето на градот Суџа од страна на руските сили и нагласи дека борбите во рускиот регион Курск сè уште траат.

Украина успеа да заземе повеќе од 1,000 квадратни километри во Курск. Со месеци Русија води жестоки битки, вклучително и со поддршка на севернокорејските војници, за враќање на територијата.

Напорите на Русија вродија со плод, а Украина неодамна се повлече од неколку села. Зеленски ја нарече офанзивата на Курск важна за преговори во потенцијалните преговори со Москва.

Можете да прочитате

ЕУ почна огромен проект за инвестирање во одбраната

Русија ја прогласи Велика Британија за свој главен непријател: Протерани дипломати и заострување на напнатоста

Русин осуден на 14 години затвор за предавство во корист на Украина