Утрински Весник
Свет

Рускиот министер за одбрана: Се’ помалку чекори до нуклеарен конфликт

Рускиот министер за одбрана: Се’ помалку чекори до нуклеарен конфликт

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска предупреди дека најавата на Велика Британија дека ќе и’ обезбеди на Украина муниција со осиромашен ураниум значи дека остануваат „помалку чекори“ до нуклеарен конфликт меѓу Русија и Западот.

dobivaj vesti na viber

Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека планот на Велика Британија да испрати муниција со осиромашен ураниум во Украина ќе предизвика одговор од Кремљ.

„Не случајно споменувам чекори. Има се’ помалку чекори“ рече Шојгу обраќајќи им се на новинарите, одговарајќи на прашањето дали планот да и’ се обезбеди на Украина муниција со осиромашен ураниум „го турка светот чекор поблиску до нуклеарен конфликт“, пренесува ТАСС.

Секоја војна завршува со мир, додаде Шојгу, пренесе руската државна новинска агенција „Риа Новости“.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, претходно ги нарече плановите на Велика Британија да префрли гранати со осиромашен ураниум во Украина „југословенско сценарио“.

Британскиот заменик-секретар за одбрана Анабел Голди претходно изјави дека, покрај испораката на борбени тенкови Челинџер 2 на Украина, Велика Британија ќе го снабдува Киев со муниција, вклучително и гранати што содржат осиромашен ураниум.

Можете да прочитате

Туск свика состанок со безбедносните служби поради закана за шпионажа

Гутереш: Израелска офанзива врз Рафа би била стратешка грешка и хуманитарен кошмар

Автобус излетал од пат во Перу, најмалку 10 лица загинале