Утрински Весник
Свет

Руски воени авиони фрлале бомби во близина на пазар во Сирија, најмалку девет мртви

Руски воени авиони фрлале бомби во близина на пазар во Сирија, најмалку девет мртви

Обединетите нации (ОН) изразија длабока загриженост поради ескалацијата на непријателствата во северозападна Сирија, откако најмалку 11 лица беа убиени во руските воздушни напади врз провинцијата Идлиб, контролирана од бунтовниците. Спасувачите соопштија дека најмалку девет лица загинале кога воени авиони вчера фрлиле бомби во близина на пазар околу Џиср ал-Шугур.

dobivaj vesti na viber

Набљудувачката група на Сириската опсерваторија за човекови права објави дека тоа е најсмртоносниот руски напад оваа година. Уште две лица загинаа во воздушен напад во близина на градот Идлиб, се вели во соопштението. Руската армија се уште не ја коментирала оваа информација, пишува Би-Би-Си.

Реагираше сириското Министерство за одбрана

Сириското Министерство за одбрана соопшти дека нивните војници соработувале со руските воздухопловни сили во операцијата чија цел биле „штабовите и магацините на терористите“ во Идлиб и „елиминирале десетици терористи“.

Можете да прочитате

Се шири нов опасен Тикток-предизвик со злоупотреба на парацетамол, Бугарија веќе издаде предупредување

Украина заробила повеќе од 900 руски војници за време на операцијата во Курск

Западни весници со коментари по објавата на Трамп за Газа