Утрински Весник
Свет

Руски напад со дронови на Харков: Убиени седум лица, меѓу кои три деца

Dron 1.png

Најмалку седум лица, од кои три деца, загинаа во пожарот што избувна како последица на синоќешниот руски напад врз Харков, соопштија украинските власти.

„За жал, бројот на загинати во нападите на Харков се зголеми на седум.

Меѓу нив има три деца на возраст од седум, четири години и шест месеци“, напиша на Телеграм Олех Синехубов, шеф на регионот Харков.

Украинските власти претходно соопштија дека руски беспилотни летала удриле во бензинска пумпа во текот на ноќта, а како резултат на овој удар се излеало гориво и пожарот се проширил на 14 станбени згради на површина од 3.

700 метри квадратни. Во моментов пожарите се гаснат и се утврдува бројот на жртвите, јавуваат украинските медиуми.

Украинското воздухопловство утринава соопшти дека руските сили лансирале 31 беспилотно летало „Шахед-136/131“ во Украина, од кои 23 се уништени.

Мета биле регионите Харков и Одеса, а во нападот во областа Одеса повредени се четири лица. 

Можете да прочитате

Австралиската влада им нареди на семејствата на своите дипломати на Блискиот Исток:  Итно напуштете ги Израел и Либан 

Мерц по средбата со Си: Кина планира да нарача до 120 авиони од Ербас

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана