Утрински Весник
Свет

Руски космонаут го собори рекордот за поминато најдолго време во вселената

Download 2.jpg
Dik 300x250 mk

Рускиот космонаут Олег Кононенко денеска го собори светскиот рекорд за вкупно време поминато во вселената, надминувајќи го својот сонародник Генадиј Падалка, кој помина повеќе од 878 дена во орбитата, објави руската вселенска агенција Роскосмос.

Кононенко го собори рекордот во 9:30 часот, соопшти Роскосмос. На 5 јуни рускиот космонаут се очекува да помине вкупно 1.000 дена во вселената, а до крајот на септември треба да биде таму 1.110 дена.

-Не летам во вселената за да поставувам рекорди, горд сум на моите достигнувања. Летам во вселената за да го работам она што најмногу го сакам, а не за да поставувам рекорди, изјави Кононенко од Меѓународната вселенска станица (ISS), на околу 423 километри над Земјата.

Пеесет и деветгодишникот го освои првото место од Падалка, која помина вкупно 878 дена, 11 часа, 29 минути и 48 секунди во вселената, според Роскосмос.

Можете да прочитате

Кукла на Нетанјаху обесена на кран во Трабзон

Европратеници бараат смена на Вархеји

Русија тестираше нова нуклеарна крстосувачка ракета