Утрински Весник
Македонија

Руски хакери ги нападнале веб-страниците на косовски институции

D0b1d0b8 D0b1d0b8 D181d0b8 D0bfd0b8d180d0b0d182d181d0bad0b8d182d0b5 D0b8d0b3d180d0b8 D181d0bed0b4d180d0b6d0b0d182 D0b2d0b8d180d183d181 63d96c642be61.jpeg

Руски хакери ги нападнале веб-страниците на некои косовски институции, изјави министерот за одбрана на Косоово, Ејуп Македончи.

„Група руски хакери извршија сајбер-напад на Косово како одмазда за мојата изјава за поддршка на Украина“ – изјави Македончи.

Во текстот на руските хакери се споменува говорот на косовски министер кој, според нив, рекол дека „Косово е подготвено да и понуди воена помош на Украина“.

„Косово е подготвено да ги здружи колективните напори за поддршка на одбраната на Украина. Треба повеќе да размислат за ова“ – напишаа хакерите на руски, спомнувајќи го токму министерот Македончи.

Министерката за надворешни работи и дијаспора – Доника Гервала објави дека „Русија врши хибриден напад на Косово“.

Можете да прочитате

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Во Македонија доаѓа ново невреме

Коѕијас: Грчката влада не само што не ги направи пропишаните меѓувладини дејствија, туку Мицотакис не ни стапна во Скопје

Мицкоски: Ќе се залагам за принципот „своето не го даваме, туѓото не го сакаме“