Утрински Весник
Свет

Руски државјанин обвинет за шпионирање во Полска, се соочува со затвор од 10 години

Руски државјанин обвинет за шпионирање во Полска, се соочува со затвор од 10 години

Руски државјанин кој долги години живее и работи во Полска е обвинет за шпионирање за Русија во периодот од 2015 до април 2022 година, соопштија денеска полските власти.

dobivaj vesti na viber

Човекот беше приведен во април, поради докази дека собирал информации за воената готовност на полските вооружени сили и трупите на НАТО, кои потоа биле предадени на руското разузнавање.

Портпаролката на Окружното обвинителство во Гдањск објави дека во петокот на 17 февруари до таа институција е поднесено обвинение против осомничениот.

Шпионската активност на осомничениот била насочена кон воени единици лоцирани во североисточниот дел на Полска, во чии рамки тој извршувал задачи за извидување на важни елементи на полските вооружени сили, рече таа.

Откриени се повеќе коруптивни кривични дела извршени од мажот во врска со царинење на стока. На осомничениот му се заканува затворска казна до 10 години, пренесува Ројтерс.

„Случајот е еден од неколкуте постапки поврзани со активностите на разузнавачките служби на Русија и Белорусија против вооружените сили на Полска, кои во моментов ги водат обвинителите на Одделот за воени работи“, додаде портпаролот.

Можете да прочитате

Скандал во Британија: Сопруг ја дрогирал жената и ја давал на други мажи

Спречен обид за пробив во нуклеарна база во Шкотска од Иранци

Џорџија го укина на 60 денови данокот на гориво поради војната на Блискиот исток