Утрински Весник
Свет

Руската војска погодила противвоздушен систем Патриот во Украина

Ee 5.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

– Руската армија денеска соопшти дека погодила два американски система за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Украина, а Киев потврди дека е извршен напад врз тоа оружје, но ја минимизирал предизвиканата штета.

Руската војска „погодила два система Патриот“, соопшти руското Министерство за одбрана во дневниот извештај, без да прецизира кога тоа се случило.

Претходниот ден, руската војска објави снимка на Телеграм, за која вели дека покажува ракета Искандер како погодува систем Патриот во украинскиот регион Дњепропетровск, во централно-источниот дел на земјата.

Можете да прочитате

Венс: Постигнат е голем напредок во мировните преговори за Украина

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Во Москва убиен руски генерал