Утрински Весник
Спорт

Руската ѕвезда прво на ММА меч, потоа во војска

Руската ѕвезда прво на ММА меч, потоа во војска

Руската ММА ѕвезда, Владимир Минеев планира да има уште еден кик-боксерски меч во Москва во ноември, пред да се приклучи на армијата, вели неговиот промотер Камил Гаџиев. 32-годишниот Минеев откри дека доби повик по делумната мобилизација во Русија, а повикан е бидејќи има искуство во војската, каде што служел како паадобранец.

dobivaj vesti na viber

Војната во Украина веќе го погоди неговото семејство, откако неговиот помлад брат Пјотр загина оваа година при освојувањето на аеродромот Хостомел покрај Киев.

„Пред да се јави на должноста, Минеев ќе има уште еден меч на 18 ноември на ‘ЦСКА арената’ во Москва против Бразилецот Фернандо Родригеш“, вели Гаџиев.

Последен меч на Минеев му е во септември кога во Елистра го победи босанскиот фајтер Ерко Јун, и кога во рингот излезе со маичка со ликот на неговиот брат и порака: „Биди херој. Живеј засекогаш“.

„Нема да бегам, ќе одговорам на повикот за воена регистрација, а потоа како ќе одлучи татковината“, изјави Минеев по повикот за регрутација.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ