Утрински Весник
Свет

Руската морнарица почна со вежби, учествуваат 20.000 луѓе

20240730102714 Big 730x400 21.webp.webp

Руската морнарица започна со вежби на Балтичката, Северната и Пацифичката флота и Касписката флотила, во кои учествуваат повеќе од 20.000 луѓе, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Во вежбите учествуваат околу 300 бродови и чамци, подморници и помошни пловила, до 50 авиони, како и повеќе од 200 единици воена и специјална техника.

Во текот на неколку дена од вежбата, бродските екипажи, единиците на поморската авијација и крајбрежните сили на трите флоти и Касписката флотила ќе изведат повеќе од 300 борбени вежби со практична употреба на оружје, вклучително и гаѓање противвоздушни проектили и употреба на против-подморско оружје од бродови и поморска авијација.

Можете да прочитате

Израел ги прогласи либанските територии јужно од реката Захрани за воена зона

Трамп: Ниту една држава нема да ја контролира Ормуска Теснина

Русија: Ако Ерменија го продолжи патот кон ЕУ, Ереван ќе плаќа поскапи енергенси