Утрински Весник
Свет

Русинка направила торта во боите на Украина, казнета е за „дискредитација на армијата“

Русинка направила торта во боите на Украина, казнета е за „дискредитација на армијата“

Судот во Москва и нареди на слаткарката Анастасија Чернишева да плати казна од 35.000 рубљи (околу 395 евра) за дискредитација на руската армија, изјави претставник на судот за „АФП“.

dobivaj vesti na viber

Имено, на Инстаграм, каде ја следат повеќе од 25.000 луѓе, Чернишева објави фотографии од шарени колачи со антивоени пораки или во боите на украинското знаме, заедно со други фотографии од торти со натписи „Љубовта ќе победи“ или „Јас те сакам!”.

Властите накратко ја приведоа во четвртокот, откако ултраконзервативен медиум го привлече вниманието кон неа.

 

Можете да прочитате

Иран за првпат ја нападна Сирија, сообраќајот низ Хормуз е запрен

(Видео) Огромно свлечиште затрупа згради во Кина, луѓе заробени под урнатините

Врховната рада го избра Сергиј Корецки за нов премиер на Украина