Утрински Весник
Свет

Русин паднал од 19. кат и преживеал, кога станал – запеал

Русин паднал од 19. кат и преживеал, кога станал – запеал

Маж, кој паднал од 19. кат на зграда во Воронеж, во југозападна Русија, го преживеал падот.

dobivaj vesti na viber

Паднал на паркиран автомобил, пишува „Известија“.

Мештаните на социјалните мрежи пишуваат дека мажот бил во алкохолизирана состојба и дека паднал од висина од 60-ина метри на теренец „нисан“.

Спасувачите го извлекле мажот од оштетениот автомобил, а потоа лекарите му укажале помош.

По падот, тој со помош на случајни минувачи и пожарникари станал и почнал да ја пее песната: „Љубовта е како сон“.

Според очевидци, после тоа, тој се оддалечил од местото на несреќата.

Набргу беше објавено дека неименуваниот маж сам отишол во итната медицинска помош, каде што му биле констатирани повреди на главата и ‘рбетот, објавија руските портали.

Можете да прочитате

Путин го одликува Медведев со Орден за заслуги за татковината

Бербок: Мировни сили на ООН би можеле да го гарантираат мирот во Украина

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа