Утрински Весник
Свет

Русија започна силна копнена офанзива во областа на Харков

Ukraina.jpg

Денеска Русија започна копнена офанзива во североисточниот дел на Украина во Харковската област и се обидува да ги „пробие украинските одбранбени линии“, соопшти Министерството за одбрана на Украина, додавајќи дека борбите продолжуваат.

Украинскиот претседател Володимир Зеленск денеска потврди дека се водат „жестоки борби“ во пограничната област Харков, каде Русија започна копнена офанзива.

„Русија започна нов бран контраофанзивни дејствија во таа насока“, рече Зеленски на прес-конференцијата, уверувајќи дека украинскиот Генералштаб тоа го знае и се подготвил за тоа, додавајќи дека во таа зона „се водат жестоки борби“.

Украинското Министерство за одбрана претходно соопшти дека во текот на претходниот ден „непријателот“ извршил воздушни напади врз секторот Вовчанск, кој се граничи со рускиот регион Белгород, користејќи наведувани бомби.

-Околу пет часот утринава непријателот се обиде со оклопни возила да ги пробие нашите одбранбени линии – се додава во соопштението на Министерството за одбрана без да прецизира точно каде се случил нападот.

Министерството тврди дека нападите се „одбиени“, но дека „борбите со различен интензитет“ продолжуваат и дека се распоредени „резервни единици“ за зајакнување на одбраната на зоната.

Голем дел од Харковската област беше окупиран, а потоа ослободен во 2022 година. Тој пограничен регион и истоимениот главен град, вториот по големина град во земјата, беа често мета на руски воздушни и артилериски напади во последните месеци.

Во последниве недели, Украина се плаши од потенцијална нова руска офанзива во таа зона.

Извор од командата на украинската војска денеска изјави дека Русија се обидува да создаде „тампон зона“ во пограничниот регион Харков за да ја спречи Украина да го гаѓа рускиот регион Белгород, кој често е цел на украински напади.

Во Вовчански, каде живеат околу 3.000 луѓе, и во околните градови на регионот Харков, иницирани се евакуации поради „масовното бомбардирање“, изјави шефот на локалната воена управа Тамас Гамбарашвили.

Руските сили навлегле еден километар во внатрешноста на украинската територија и се обидуваат да напредуваат, изјави висок функционер во командата на украинската војска.

Украинската армија се бори на фронтот, ослабена поради недостигот на регрути и доцнењето во испораката на помошта од Западот, што ги исцрпи резервите на муниција, а руските сили бавно напредуваат главно на исток, но не успеваат да направат вистински пробив .

Можете да прочитате

Гугл поставува кабел со оптички влакна од Африка до Австралија

Состојбата на Фицо е стабилна, забележително е благо подобрување, велат од болницата

Борел: По пресудата на судот во Хаг, ЕУ мора да избере дали ќе ги поддржи меѓународните институции или Израел