Западноевропските земји и Русија постојано протеруваа меѓусебни дипломати откако Москва ја нападна Украина пред речиси една година.
Москва побара четворица австриски дипломати да ја напуштат Русија, што е мерка за одмазда за неодамнешното протерување на четворица руски дипломати од Виена, пренесува агенцијата Бета, повикувајќи се на АП.
Австрија ги обвини руските дипломати за шпионажа, а канцеларот Карл Нехамер рече дека нивното протерување на 2 февруари значело дека Австрија нема да стои со скрстени раце за шпионажата на нејзина територија „и злоупотреба на гостопримството“.
Нехамер денеска го отфрли тврдењето на Москва дека Австрија повеќе не е неутрална.
Австрија, членка на Европската унија која води политика на неутралност, првично не сакаше да ја исфрли идејата, но во април 2022 година, под притисок на јавноста и нејзините партнери во ЕУ, сепак протера четворица руски дипломати.
Виена сега им даде рок на протераните руски дипломати една недела да ја напуштат Австрија, а Москва им порача на австриските дипломати да ја напуштат Русија до 23 февруари.