Утрински Весник
Свет

Русија привремено забрани извоз на бензин од 1 март

Benzin.jpg

Русија објави шестмесечна забрана за извоз на бензин која ќе стартува од 1 март, за да се компензира зголемената побарувачка на потрошувачите и земјоделците и да се овозможи планирано одржување на рафинеријата. Забраната, пренесува Business Standard, ја потврдила и портпаролката на вицепремиерката Александра Новак. Русија претходно воведе слична забрана помеѓу септември и ноември минатата година за да се справи со високите домашни цени и недостигот. Само четири поранешни советски држави – Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан – беа изземени. Овој пат, забраната нема да важи за земјите-членки на Евроазиската економска унија, Монголија, Узбекистан и двата отцепени региони на Грузија поддржани од Русија – Јужна Осетија и Абхазија.

Можете да прочитате

Активирана експлозивна направа во еврејско училиште во Амстердам

Во израелски напад врз јужен Либан загинаа најмалку 12 медицински работници

Во ОАЕ уапсени 45 лица поради ширење лажни информации за конфликтот на Блискиот Исток