Утрински Весник
Свет

Русија прифати примирје до 1 февруари на барање на Трамп

Rusija.webp.webp

Русија привремено ќе се воздржи од напади врз Украина до 1 февруари, откако американскиот претседател Доналд Трамп упатил директно барање до Владимир Путин, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Според него, станува збор за еднонеделна пауза со цел да се создадат услови за дипломатски разговори. Песков истакна дека одлуката е резултат на директна комуникација меѓу Москва и Вашингтон. Во однос на можната средба меѓу Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, Кремљ нагласува дека иницијативата дошла од Киев. Русија, како што беше наведено, е подготвена за разговори, но исклучиво во Москва.

Песков кратко се осврна и на ставот на Украина дека нема отстапки за Донбас и нуклеарната централа Запорожје, оценувајќи дека ситуацијата на фронтот ќе ја одреди реалната позиција на страните. Во меѓувреме, странските медиуми пренесуваат дека во рамки на американската мировна иницијатива се разгледуваат сериозни отстапки, а следната рунда преговори е најавена токму за 1 февруари, кога истекува договорената пауза на воените дејствија.

Можете да прочитате

ЕК покрена постапка против Романија поради нелегални депонии

Големо свлечиште во Сицилија – евакуирани 1.500 жители

Трамп најавува блиска дипломатија со Русија и Иран, распоредува воена армада