Утрински Весник
Свет

Русија повторно побара седница на СБ на ОН за нападите на НАТО врз СРЈ во 1999

Sovetot Za Bezbednost Na Obedinetite Nacii Scaled.jpg
Ss2

Првиот заменик на постојаниот претставник на Русија во ОН, Дмитриј Пољански, изјави дека Москва побарала состанок на Советот за безбедност на ОН за агресијата на НАТО врз Југославија во 1999 година, но оти руските дипломати се уште го чекаат одговорот на претседавачот со Советот.

Како што јави РТС, Советот за безбедност на Обединетите нации во понеделникот ја отфрли расправата за 25 години од почетокот на НАТО бомбардирањето на СРЈ, бидејќи за дневниот ред не гласаа доволно амбасадори на земјите-членки.

Ss1

Дмитриј Пољански изјави дека Русија на 25 март испратила официјално писмо до јапонската мисија која претседава со Советот за безбедност на ОН, во кое бара што е можно побргу да се одржи состанок на Советот за безбедност на ОН посветен на 25-годишнината од агресијата на НАТО врз Југославија.

– Писмото е испратено до сите членки на Советот за безбедност и чекаме официјален одговор, рече Пољански на седницата на Советот за безбедност на ОН.

Ss1

Можете да прочитате

Русија ја нападнала енергетската инфраструктура во три украински региони

Десетици торнада го погодија централниот дел на САД

Кина ќе биде домаќин на разговорите меѓу Хамас и Фатах за единството на Палестинците