Утрински Весник
Свет

Русија почнува големи поморски вежби

20250723111206 big 730x400 11.webp.webp

Русија денес започна обемни поморски маневри во кои учествуваат повеќе од 150 пловила и 15.000 војници, лоцирани во водите на Тихиот и Арктичкиот океан, како и во Балтичкото и Каспиското Море, извести руското Министерство за одбрана.

Вежбата „Бура“, закажана за јули и планирана да трае до 27 јули, има цел да ја оцени подготвеноста на морнарицата за нестандардни акции, употреба на оружје со голем дострел и други современи системи, вклучувајќи и беспилотни летала, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.


„Екипажите на бродовите ќе вежбаат распоредување во борбени зони, борба против подморници, заштита на базирачките области и економски активности“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во рамките на вежбите ќе биде симулирано и „одбивање напади од непријателски воздушни напаѓачки возила, беспилотни чамци и дронови, обезбедување безбедност на бродовите, погодување непријателски цели и бродски групи“.

Во овие воени маневри, предводени од адмиралот Александар Мојсеев, учествуваат и над 120 летала, 10 крајбрежни ракетни системи и 950 единици воена и специјална опрема.

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија