Утрински Весник
Свет

Русија почна со вежби со тактичко нуклеарно оружје

Rusija Vezba.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Руските сили ја започнаа првата фаза од вежбите кои вклучуваат „рачна обука за подготовка и употреба на нестратегиско нуклеарно оружје“, соопшти руското Министерство за одбрана, а пренесува „Њузвик“.

Во соопштението се вели дека вежбите вклучуваат хиперсонични ракети Кинжал опремени со „специјални боеви глави“.

Претходно овој месец, рускиот претседател Владимир Путин се одлучи на овој потег, велејќи дека тоа е одговор на „милитантните изјави“ на западните претставници.

Руското Министерство за одбрана (МО) во порака објавена на руската платформа за социјални мрежи ВКонтакте (ВК) објави дека персоналот на Јужниот воен округ започнал со обука и извршување на борбени задачи со „специјална муниција“ за ракетните системи Искандер. Беше објавена и првата снимка.

Вежбите се одржуваат во Јужниот воен округ на Русија долж украинската граница и делови од Украина под контрола на Русија. Белорусија, каде Русија распореди тактичко нуклеарно оружје минатата година, исто така ќе биде вклучена во вежбите, соопштија двете земји.

Тактичкото или нестратешкото нуклеарно оружје е помалку моќно од стратешкото оружје дизајнирано да уништи цели непријателски градови, но сепак има огромен деструктивен потенцијал.

Можете да прочитате

Франција го гради најголемиот воен брод во Европа

Орбан: ЕУ е во состојба на распаѓање

Трамп се закани дека ќе им ги одземе концесиите за телевизиите кои го критикуваат