Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Русија: Нападнати нашите патролни бродови во Црното Море

Русија: Нападнати нашите патролни бродови во Црното Море
300x250 opst2

Руското Министерство за одбрана соопшти дека патролните бродови на Црноморската флота одбиле напад на три украински беспилотни летала во близина на Севастопол – најголемиот град на Крим и најважното пристаниште на Црното Море, пренесува руската државна новинска агенција „ТАСС“.

dobivaj vesti na viber

„Украинските вооружени сили синоќа извршија неуспешен обид за напад на патролните бродови на Црноморската флота Сергеј Котов и Василиј Биков, кои ги надгледуваа бродските рути во југозападниот дел на Црното Море, на 340 километри југозападно, на Севастопол“, се вели во соопштението.

Според Министерството, нападот бил одбиен.

На 25 јули руското Министерство за одбрана извести за неуспешниот обид на Украина за напад на патролниот брод на Црноморската флота Сергеј Котов. Тие тврдеа дека бродот го одбил нападот, уништувајќи ги двете беспилотни летала.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори