Утрински Весник
Свет
Img 7972

Русија изврши напади врз Украина со ракети и дронови

Picture 1489 660x434 1.jpg
Dik 300x250 mk

Русија изминатата ноќ лансирала 16 проектили и 11 дронови кон Украина, при што загинало најмалку едно лице, соопшти украинското воздухопловство. Гувернерот на украинската област Лавов во западниот дел на земјата соопшти дека во текот на ноќта е убиено едно лице. – Вечерва непријателот ја нападна со крстосувачки ракети истата важна инфраструктура која претходно беше цел на 24 и 29 март. Оштетена е управната зграда, соопшти гувернерот Максим Козицки на Телеграм. Еден човек загина во нападот, додаде тој. Украинските воздухопловни сили во објава на Телеграм соопштија дека успеале да соборат девет дронови и девет проектили. Во текот на изминатата недела, Русија значително ги засили воздушните напади врз украинските енергетски постројки, предизвикувајќи значителна штета и оставајќи ги Украинците да стравуваат од нови прекини на струјата како во првата зима од војната. Најголемата украинска приватна енергетска компанија ДТЕК вчера соопшти дека пет од нејзините шест електрани биле оштетени или уништени со изгубен 80 отсто од нивниот производствен капацитет. Поправките може да траат до 18 месеци.

Можете да прочитате

Хамас ја потврдува посветеноста на мировниот договор, ги враќа телата на заложниците, меѓународните сили се подготвуваат

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

Португалскиот парламент усвои закон за забрана на никаб