Утрински Весник
Свет

Русија изврши напади врз енергетската инфраструктура што ја снабдува украинската армија

Image 2026 01 10 134110824.png

Руските вооружени сили извршија напади врз енергетски објекти што го обезбедуваат работењето на украинскиот воено-индустриски комплекс, објави денеска руското Министерство за одбрана.

Според соопштението, нападите биле извршени од оперативно-тактичка авијација, ударни беспилотни летала, ракетни сили и артилерија на различни групи на руската армија.

Руското министерство додаде дека биле нападнати и складишта за гориво, како и привремени контролни пунктови на вооружените сили на Украина.

Според украинската јавна служба Суспилне, руските сили утрово извршиле напад врз индустриската инфраструктура во Одеса, објави регионалната воена администрација на Одеса.

Украинските медиуми ноќеска известија за експлозии во Киев, Криви Рих, Харков и Днепропетровск, каде што, според извештаите, биле регистрирани прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода.

Можете да прочитате

Орбан: Глобална трансформација е пред нас

Автобус со речиси 50 луѓе се запали на автопат во Романија

Икс го промени емоџито за иранското знаме во знаме на поранешната иранска монархија