Утрински Весник
Свет

Русија изразува подготвеност да ѝ помогне на Венецуела во спротивставувањето на американската блокада

20251221181947 big 730x400 86.webp.webp

Министрите за надворешни работи на Русија и Венецуела, Сергеј Лавров и Иван Хил, разговараа по телефон, а во таа прилика руската страна ја потврди својата подготвеност да пружи поддршка на Каракас во спротивставувањето на американската блокада.

Хил на својот Телеграм канал изјави дека Лавров нагласил дека Москва ќе ѝ пружи на Венецуела сеопфатна соработка и поддршка во спротивставувањето на блокадата, како и целосна поддршка за активностите што се спроведуваат во рамките на Советот за безбедност на Обединетите нации. Според него, за време на разговорот била разгледана и ситуацијата во Карипскиот регион, вклучувајќи ги, како што изјавил, агресивните потези на Соединетите Американски Држави и грубите кршења на меѓународното право, како што се нападите врз бродови, вонсудските убиства и „акти на пиратство“, за кои Каракас смета дека е одговорен Вашингтон.

Хил додаде дека Лавров ја истакнал недозволивоста на ваквите дејствија, изразил силна солидарност со венецуелскиот народ и потврдил дека Русија ја поддржува земјата во заштитата на регионалниот мир и принципите на меѓународното право.

САД го оправдуваат своето воено присуство во Карипскиот регион со борба против трговијата со дрога. Во текот на септември и октомври, американските вооружени сили постојано уништуваа бродови покрај брегот на Венецуела, за кои се вели дека превезувале дрога.

Можете да прочитате

Топлотен бран беснее низ Европа: Црвен аларм во Британија

ОН почнуваат евакуација на бродови заглавени во Персискиот Залив

ОН: Израел намерно ги напаѓал децата во Појасот Газа