Утрински Весник
Свет

Русија: Изненаден напад на наша територија, се слушаат експлозии и пукотници, Украинците држат заложници

Русија ги поддржува мерките што ги презема Белград на Косово и Метохија

Група украински диверзанти денеска упадна на територијата на областа Климовск во областа Брјанск во Русија, соопшти гувернерот Александар Богомаз.

dobivaj vesti na viber

Тие отвориле оган врз автомобил, при што убиле маж и раниле десетгодишно дете. Детето е префрлено во болница и му е укажана сета потребна помош.

Гувернерот додаде дека во областа се спроведуваат сите неопходни мерки за ликвидација на диверзантите.

Вооружените сили на Украина извршија уште еден напад врз областа Климовски. Во напад со дрон опожарена куќа во селото Сушани. Службите за итна помош се на терен.

Од минофрлачи било нападнато и селото Ломаковка во општинскиот округ Стародуб. Во нападот нема жртви, а оштетени се две домаќинства. Службите за итна помош се на терен.

Како што изјави за Спутник портпаролот на итната помош, неколку лица биле земени како заложници во селото Љубечане во областа Брјанск,пренесе Новости.рс.

Можете да прочитате

Добил сметка за телефон од 37.621 евра поради интернет во роаминг – корисникот тврди едно, операторот друго

Германија на пат кон строга забрана за пушење во возила со деца или бремени жени

На 25 септември Ердоган оди на гости кај Трамп