Утрински Весник
Свет

Русија годинава ја напуштиле повеќе од 400.000 луѓе

Русија годинава ја напуштиле повеќе од 400.000 луѓе

Околу 419 илјади луѓе ја напуштиле Русија во првата половина на 2022 година, двојно повеќе од претходната година, објави руската новинска агенција РБЦ.

dobivaj vesti na viber

Тоа е и првиот период во поновата руска историја каде емиграцијата е поголема од имиграцијата. Руската статистичка агенција „Росстат“ не соопшти детали за националноста на оние кои ја напуштиле земјата.

Русија традиционално привлекува имигранти од поранешните советски републики. Годинава движењето на населението отиде во друга насока – околу 369 илјади луѓе отидоа во поранешните советски држави, а од нив во Русија влегоа 295 илјади луѓе. Речиси 80 илјади луѓе ја избрале Украина за своја дестинација.

Можете да прочитате

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна

Русија соопшти дека погодила два брода во Црното Море кои превезувале оружје за Украина

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација