Утрински Весник
Свет

Русија го усвои предлог-законот со кој се бара да се забрани поттикнување на живот без деца

65b3ac0e83cdd22b3f50d313.jpg

Пратениците од Долниот дом на рускиот парламент денеска во прво читање го усвоија предлог-законот со кој се бара да се забрани поттикнување на живот без деца, во услови на демографската криза влошена од конфликтот во Украина и со цел да се заштитат „традиционалните вредности“ за кои се залага Кремљ.

Предлог-законот беше усвоен едногласно, по директен пренос од гласањето. Предлог-законот допрва треба да се гласа во второ и трето читање.

Силно семејство е прогласено за традиционална вредност во Русија во 2022 година, посочуваат во образложението авторите на текстот, меѓу кои и претседателката на Горниот дом на парламентот Валентина Матвиенко и претседателот на Думата Вјачеслав Володин.

– Една од заканите за традиционалните вредности е промовирањето во руското општество на идеологијата за живот без деца, што доведува до слабеење на општествените институции и создава околности за депопулација, истакнаа тие.

Според нив, неколку заедници и групи на Интернет промовираат таков начин на живот и имаат агресивен однос кон луѓето кои имаат деца.

– Затоа треба да се создаде механизам за заштита на традиционалните вредности, објаснуваат авторите, предлагајќи да се забрани промоција на живот без деца на Интернет, во медиумите, во филмовите и во рекламите.

Според Володин, согласно новиот закон, физичко лице може да се казни со околу 4,000 евра, службените лица двојно повеќе, а правните лица до 47,000 евра. јт/Фото: МИА архива .

Извор: МИА

Можете да прочитате

Двајца германци загинаа откако се урна авион во Финска

Четири земјотреси ја погодија Турција за само десет минути

Украинската армија изврши напад врз руските трупи со ракета полна со касетни бомби