Утрински Весник
Свет

Русија го означи женскиот панк-состав „Пуси рајот“ како екстремистичка организација

Rusija.jpg

Русија го означи женскиот панк-состав „Пуси рајот“ како екстремистичка организација. Според пресудата на групата ѝ е забрането да дејствува во Русија.

Панк-рок-групата постојано му се спротивставуваше на Владимир Путин преку своите уметнички настапи. Светска слава стекна во 2012 година, со „панк-молитва“ во храмот „Христос Спасител“ во Москва, при што девојките на бендот ја повикаа Дева Марија да го собори рускиот претседател од власт. Поради тоа две од членовите на групата завршија во казнена колонија. Одлуката на Судот да ги прогласи „Пуси рајот“ за екстремистичка организација беше очекувана од музичарките.

„Овие идиоти работат на ова со години, барем од 2012 година“, напиша Надја Толоконикова на X-профилот на групата, која беше во казнената колонија поради панк-молитвата против Путин.

„Законот е донесен за да се избришат ‘Пуси рајот’ од умовите на руските граѓани“, објави групата на Фејсбук претходно овој месец.

Голем дел од членовите на „Пуси рајот“ се осудени за нивниот активизам и сега живеат во егзил. Сите тие се спротивставуваат на руската офанзива врз Украина. Сега панк-групата изразува и загриженост за безбедноста на своите поддржувачи, кои не можат да ја напуштат Русија или избрале да останат и живеат таму.

Можете да прочитате

Умеров: Напредок во мировните разговори меѓу Украина и САД во Берлин

Орбан: Унгарија нема да испраќа пари и оружје во Украина 

Избеганиот сириски диктатор Башар ел Асад одлучи да стане очен лекар во Москва