Утрински Весник
Магазин

Русија ќе го пречека Стивен Сигал на концерт штој го отфрла фашизмот

Русија ќе го пречека Стивен Сигал на концерт штој го отфрла фашизмот

Американскиот актер Стивен Сигал ќе учествува како изведувач на фестивалот на антифашистичка музика Guitars in Formation што ќе се одржи од 1 до 6 мај во градот Самара.

dobivaj vesti na viber

Сигал ќе се качи на сцената на 6 мај за да отпее неколку блуз хитови и други негови авторски песни, објави владата на покраината Самараво во соопштение кое го пренесе руската новинска агенција ТАСС.

„Многу луѓе знаат дека Стивен е и музичар со длабока љубов кон блузот на животот,“ се наведува во официјалното соопштение, во кое се истакнува дека истиот ден ќе настапат никарагванскиот бенд „Либер арте“, Словенецот Сашо Гачник и Французинот Франсоа Модем, заедно со руски изведувачи како Сергеј Војтенко или Денис Мајданов.

Сигал, кој на 10 април наполни 71 година, е специјален претставник на руското Министерство за надворешни работи за руско-американски хуманитарни односи.

Актерот веќе настапуваше во 2014 година за проруските сепаратисти на полуостровот Крим. Сигал и неговиот блуз-бенд свиреа на бајкерски концерт што се одржа во градот Севастопол, дом на руската Црноморска флота.

Можете да прочитате

Доаѓа дигитална ера – Пари, образование и медиуми се селат целосно онлајн вели Јанковска

Доаѓа астролошки шок: Уран влегува во Близнаци – светот нема да биде ист вели Јанковска

Хороскопски знаци што избираат мал круг на пријатели, но длабоки врски